ВМРО-ДПМНЕ освои 16.240 повеќе гласови од СДСМ

0
778

Државната изборна комисија најави дека денеска ќе го соопшти и бројот на освоени пратенички мандати. Синоќа во Скопје славеа членовите и симпатизерите и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Лидерите на двете партии прогласија победа.

Бројот на освоени гласа за ВМРО-ДПМНЕ изнесува 452.709 илјади или 38,06%, а за СДСМ бројката е 436.469 или 36,69%. Разликата е 1,37% или 16.240 гласа освои повеќе коалицијата на владејачката партија од коалицијата на социјалдемократите.

Ова се резултатите од обработените гласачки места во сите шест изборни единици, без гласовите од дијаспората. Од Изборната единица 7 (гласовите во странство) во овој собраниски состав најверојатно нема да има ниту едно пратеничко место.

„Ги чекаме резултатите, но во моментот водиме со еден мандат повеќе. Падна режимот со пенкало, со глас. Победи животот”, рече Зоран Заев, претседателот на СДСМ вчера на прославата пред Владата.

„Победник на овие избори е ВМРО-ДПМНЕ”, изјави по полноќ партискиот лидер, Никола Груевски, и им се заблагодари на сите граѓани кои гласале на изборите, а посебно на оние кои гласале за неговата партија.

Што се однесува до албанскиот политички блок, ДУИ освои најмногу гласа, 86.812 (7,30%), движењето Беса освои 57.927 гласа или 4,87% и коалицијата Алијанса за Албанците (Движењето за реформи на ДПА и Унитети) кои освоија 35.091 или 2,95 отсто од гласовите. Најголем губитник е ДПА со освоени 31.017 гласа или 2,61 отсто. Лидерот на ДПА Мендух Тачи најави повлекување од претседателската функција, но вети поддршка на коалицијата помеѓу Беса и НДП.

Обидите за формирање на некаков трет блок, не некаков центар пропаднаа и на овие избори. Коалициите ВМРО за Македонија (24.449 – 2,06%) и Коалицијата за промени и правда – трет блок (10.083 – 0,85%) не успеаја да освојат ниту едно пратеничко место.

Новата политичка опција, партијата Левица исто така нема да влезе во Собранието и освои 12.119 гласови (1,02%).

Без коментари

LEAVE A REPLY