ВМРО-ДПМНЕ: Рама продолжува да ја промовира соросовата политика

0
262

Човекот кој стои зад тиранската платформа продолжува да ја промовира соросовата политика на предизвикување конфликти со уште поопасни ставови како што е прекројување на границите на Балканот, а СДСМ продолжува упорно да молчи. Колку должи и кому должи криминогеното раководство на СДСМ е нивен личен проблем. Тој долг не смее и нема да се плаќа за сметка на највисоките државни и национални интереси, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминогеното раководство на СДС и нивниот аболициран претседател Зоран Заев се би дале и жртвувале за да дојдат до власт. Народот ги прочита и му се спротивстави на СДС, излезе на улица и повеќе од 50 дена без престан му кажуваат дека националните и државни интереси не се на продажба. Граѓаните секој ден на СДС му порачуваат дека не им се потребни платформи од туѓи земји, народот бара инвестиции, нови работни места, мерки. На СДС му порачува ако треба да исплаќаат некакви фактури на нарко дилери и криминалци нека си ги платат со нивните пари, а не да ги плаќа народот или државата. Оваа криза наметната од СДС мора да заврши. Народот бара избори, на кои ќе се изјаснат и ќе знаат за што гласаат, да не се чувствуваат пост изборно изманипулирани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

mkd.mk