ВМРО-ДПМНЕ се плаши од губењето на МВР

0
229

Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина верува во поддршката од народот зошто бега од преодна влада, запраша Шекеринска од Битола.

– Се покажа дека власта се плаши од трите големи работи во договорот од Пржино. Се плашат од бомбите, бидејќи се жива вистина за оваа наша Македонија. Се плашат од било каква истрага за секое од злоделата во бомбите, бидејќи ако е по право, закон и Устав сите од раководството треба да одат во затвор 10 до 20 години. И трето ВМРО-ДПМНЕ се ќе даде ама министер за внатрешни не им се дава, бидејќи МВР го претворија во партиски приврзок- рече Шекеринска резимирајќи дека токму заради овие неколку клучни работи „на 19 октомври стана јасна дека во Македонија постои партија која бега од избори, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски“, рече Шеќеринска.

Шекеринска рече дека е неспорно дека има страв во Македонија, но овој пат тој е преселен на друга адреса.