ВМРО-ДПМНЕ слави 27 години од основањето

0
1326

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска прославува 27 години од своето постоењето и 124 години од основањето на Внатрешната македонска револуционерна организација – ВМРО.

Под слоганот „Единствени“, вечерва во 19 часот во Музејот на ВМРО ќе се одбележи роденденот.

Во рамките на одбележувањето вчера и завчера партијата организираше панел-дискусии на тема „Единствени кои носат инвестиции и отвoраат работни места“ и  „Единствени кои реализираат проекти во инфраструктурата“.