ВМРО-ДПМНЕ со реакција на пресот на СДСМ

0
893

– Најголемиот демант на лагите и малициозноста изнесени на Вашата прес конференција ќе го добиете уште вечер, на трибината на ВМРО-ДПМНЕ на која по којзнае кој пат граѓаните на Битола масовно ќе дадат поддршка на партијата, на нејзиниот Претседател Никола Груевски и на политиките кои тие ги спроведуваат а за кои директно одговараат пред народот на Република Македонија.

Колеги од СДСМ и опозиционерската коалиција, Ве прашуваме: Дали индустриската зона Жабени, реконструкцијата на Клиничката болница, реконструкцијата на Железничката станица, реконструкцијата на патот Битола-Ресен, реконструкцијата на Зоолошката Градина, изградените нови спортски сали до студентски дом, во СОЕУ Јане Сандански, во СОМУ Др. Јован Калаузи, во СОЗУ Кузман Шапкарев, новиот асфалт на повеќе од 100 улици, зафатите за реконструкција во сите основни, средни училишта и градинки и уште многу други проекти за Вас се виртуелни?

Можеби, но во Вашата виртуелна реалност. Во реалноста на битолчани не се. Исто како што не е виртуелна довербата која тие му ја даваат само на оној кој постојано ветува ама истото и го исполнува.

Дали проектите што ВМРО-ДПМНЕ ги реализира се виртуелни и што народот мисли за нив одговор уште еднаш ќе добиете на 24 април идната година, исто како што добивате десет години наназад.

Дали и што мислат битолчани за Никола Груевски, за тоа што ВМРО-ДПМНЕ зборува а што прави Ве покануваме да дојдете и слушнете вечер на трибината која почнува во Центарот за култура во 20:30 часот.

Почитувани социјалдемократи,

Иднината на Македонија е во младите. Иднината на Битола и Македонија е во ВМРО-ДПМНЕ и во исполнетите ветувања кои континуирано го подобруваат животот на граѓаните за што впрочем и самите како партија добивате потврда девет изборни циклуси по ред, изјави Бојан Димовски ВМРО-ДПМНЕ

Без коментари

LEAVE A REPLY