ВМРО-ДПМНЕ со реакција за пресот на СДСМ

0
831

-Партијата која продолжува со соопштување на невистини на граѓаните, продолжува и понатаму со секојдневните манипулации за затскривање на својата неспособност за решавање на проблемите.  Нивната желба за добивање на медиумско внимание и понатаму продолжува злоупотребувајќи ги реалните проблеми на граѓаните. Доказ за тоа се нивните изјави кои се полни со основни непознавања на проблемите.

Би сакале да ги информираме граѓаните дека во минатиот период, полигонот на кој се одвиваа основните вежби за полагање на возачки испит функционираше на јавниот приватен паркинг кај спортската сала Младост истиот не беше согласно со пропишаните стандарди и правила за функционирање на современ полигон. Оттука е и причината за неговото нефункционалност.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за безбедноста на граѓаните и работи секојдневно во интерес на решавање на проблемите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ за разлика од останитите партии е во секојдневна комуникација со институциите со цел решавање на овој проблем и создавање на полигон во Битола кој ќе функционира согласно со пропишаните стандарди и правила.

И понатаму се потврдува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи на терен секојдневно во интерес на граѓаните и е неколку чекори пред Вас и во комуникација со граѓаните и во заложбите за подобрување на нивното секојдневие, изјави Зоран Јошевски од ВМРО-ДПМНЕ Битола

 

Без коментари

LEAVE A REPLY