ВМРО-ДПМНЕ вечерва го прославува 26-от роденден

0
1194

На летната тераса пред Музејот на ВМРО почна одбележувањето на 26-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ. Слоганот на одбележувањето е „Идеја и дело – посилни од се.

ВМРО-ДПМНЕ е партија основана на база на идеологија. Таа идеологија има и своја историска поткрепа и позадина, а се разбира во современото живеење е поткрепена и со современта  идеологија на демократските народни партиите во Европа, каде ВМРО-ДПМНЕ и припаѓа. Историската македонска револуционерна организација, попозната под името ВМРО, отпочна и водеше организирана и бескомпромисна борба за ослободување на Македонија. Таа беше главен организирачки и мотивирачки фактор на народот, не само во своите 41 година постоење, туку и подоцна кога во текот на втората светска војна беше инспирација и водилка, и го крепеше духот на наодноослободителната антифашистчка борба за слобода на Македoнија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во воведот од своето обраќање на прославата од 26. роденден на партијата.

 

Тој нагласи дека во овие 26 години ВМРО-ДПМНЕ го оправда носењето на префиксот ВМРО во своето име.

-Секогаш и секаде беше прва на браникот на татковината и интересите на својот народ и своите граѓани.Го оправда и префиксот ДПМНЕ. Вложи најмногу од било кој не само за осомостојувањето и независноста, туку и за напредокот на земјата, економски, политички, демократски, патот кон ЕУ и НАТО,националното единство, но и  реформите, изградбата на земјата, решавање на најмногу проблеми на граѓаните, делата. Ако ги анализираме овие 26 години, ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била победена на избори, или без правење класичен фалисфикат на изборите, како во1994тата и во 2004тата, или со помош на надворешен фактор, како во 2002рата, иако во овие ситуации СДСМ небеше без шанса за победа и без помошта од надвор или фалсификатот. Не сакам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ  е непобедлива. Тој што во услови на демократија тоа ќе го помисли, или каже за било која партија тоа, ќе погреши. Но, факт е, дека народот повеќе од 120 години, во добри и во лоши времиња, во слобода или ропство, на еден или на друг начин, јасно покажува дека организацијата, денес партијата, која најмногу се гризи за националните и народните интереси, во мнозинство ја подржува. Некогаш ќе и се налути, некогаш и ќе ја казни и ќе гласа на избори против неа, некогаш ќе ја опомени или искара, но овој народ, знае и кој е, и што е, и за што се бори, и кои се неговите интереси и стремеж, и да даде подршка во клучен момент на оние кои најмногу се борат за остварување на заедничкото, општото добро, за државата и за нејзиниот народ. И да препознае кој работи, создава и гради, а кој не работи и руши. Едноставно, во духот на нашиот слоган денеска, идејата и делото се посилни од се, рече Груевски.