ВМРО-ДПМНЕ во Неготино и Кавадарци, СДСМ во Демир Хисар и Кичево

0
374

На третиот ден од предизборната кампања, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави програмата пред граѓаните на Неготино (17.30 часот) и Кавадарци (20.00 часот), а СДСМ ќе митингува во Демир Хисар и во Кичево.

Според најавената програма, Коалицијата за промени и правда, предводена од ДС ќе одржи средби со граѓани во Кавадарци и Неготино, како и пресконфренција во Скопје .

ДУИ за во 11.00 часот најави прес-коференција на носителот на листата на ДУИ во Првата изборна единица Артан Груби во партиското седиште во  Скопје, а ДПА во 18.30 часот ќе се претстави пред граѓаните со Челопек.

Во Сарај, пак, во 19.00 часот митинг ќе одржи Коалицијата Алијанса за Албанците.

Без коментари

LEAVE A REPLY