ВМРО ДПМНЕ за образованието

0
807

elenaКолку и да се трудите да ги злоупотребите младите за вашите политички поени, сепак тоа што останува се резултатите кои ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ги остварува. За разлика од тоа кога во ваше време образованието функционираше во услови на застарена инфрастурктура, неорганизиран превоз за учениците, незгреани спортски сали во училиштата, уште еднаш јавно Ве потсетуваме на делата што ВМРО ДПМНЕ ги има направено за образованието и младите:
-Реновирани се 14 основни и средни училиштата во кои е поставена и нова дограма,
-Комплетна промена на дограмата во ОУ Стив Наумов ,
-Промена на кровна конструкција во ОУ Трифун Пановски ,
-Реконструкција на оградата и дограмата на ОУ Коле Канински,
-Реконструкција на т.н турско Гоце Делчев училиште,
-Нова дограма во ОУ Даме Груев,
-Во с.Долно Оризари пуштена во употреба e нова училишна зграда,
-ОУ Александар Турунџев во с.Кукуречани – нова дограма, кабинет по информатика,
-Реновирање на ОУ Тодор Ангелевски,
-Реконструкција на ОУ Кирил и Методиј,
-Промена на дограмата во СОУ Јане Сандански,
-Дограден дел во СОУ Д-р Јован Калаузи,
-Отворени кариерни центри,
-Отворени спортски сали во: СОУ Д-р Јован Калаузи, СОУ Кузман Шапкарев, СОУ Јане Сандански и студентски дом Кочо Рацин,
-Изградба на нови училишни згради во с.Карамани и с.Крклино,
-Нови училници во с.Дихово,
-Адаптација на училишниот простор во с.Братиндол,
-Реконструкција на дограмата во СОУ Ѓорѓи Сугарев,
-Реконструкција на кровната конструкција на ОУ Стив Наумов,
-Реконструкција на дограмата во СОУ Таки Даскало и средното музичко училиште,
-Изградени игралишта во градските и руралните населби
-Изградено фудбалско игралиште Павел Шатев,
-Изградените три тениски терени,
-Отворен Ветеринарен Факултет,
-Отворени четири нови градинки во с.Бистрица, с.Кукуречани, с.Кравари и с.Долно Оризари,
– Отворен центар за згрижување на деца,
-Изграден СКЕЈТ-ПАРК,
Драги опозиционери,
Нашите млади сограѓани добро знаат кој и колку работи а уште подобро знаат и кој и колку неработел. ВМРО-ДПМНЕ е на потег сега но ќе биде на потег и во годините што идат. Иако добро го знаете тоа, финалната потврда ќе Ви ја испорачаaт младите и народот на 24 април, кога ќе го доживеете Вашиот 10-ти пораз.