ВМРО ДПМНЕ за цените во реонскиот пазар

0
1025

Советникот Соња Карапашовска од редовите на ВМРО ДПМНЕ на своите колеги од СДСМ и  коалицијата им порача. Почитувани загрижени Советници од СДСМ и коалицијата,По којзнае кој пат пред целата битолска јавност сами си постигнавте автогол лажнo изјавувајќи загриженост со што само повторно ја покажавте разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ: ние работиме за интересите на граѓаните а Вие критикувате. Задоцнето и неосновано, се разбира. Колеги Советници, Вашето денешно барање е веќе ставено во процедура. ЈП Пазари пред два дена на Седница на Управен Одбор донесе Одлука за промена на плаќањето на паушалот на реонскиот пазар и истоврмено ја достави Одлуката до Советот на Општина Битола како предлог точка на дневниот ред на наредната Седница на Советот на Општина Битола.Колеги Советници, разочарувачки и поразително е тоа што и по повеќе од две години мандат, покажувате дека процедурите за работата на Советот или не Ви се јасни или не Ви значат ништо.Ако наместо помпезна прес конференција за обид за собирање на дневни политички поени, по институционален пат побаравте додавање на точка на дневен ред, ќе увидевте дека постапката за тоа е веќе започната.Колеги од СДСМ и коалицијата: Времето и фактите покажуваат дека со својата работа ВМРО-ДПМНЕ е неколку чекори пред Вас и во комуникацијата со граѓаните и во заложбите за подобрување на нивното секојдневие.