Внатрешната контрола го презела случајот со невестата со пушка

0
2087

Секторот за внатрешна контрола ќе го испитува случајот со секретарката на началникот на униформираната полиција на СВР Битола, за која денеска СДСМ обвини дека пукала со пушка на својата свадба, потврди  портпаролката на битолската полиција, Сања Стаматова.

Потпретседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Дарко Каевски, вчера на прес-конференција објави фотографии и рече дека нововработената секретарка на началникот на униформираната полиција во СВР Битола,  со формациска пушка од МВР пукала на својата свадба.