Внедела ќе се пошумува

0
348

-Почитувани битолчани,
Здружението “За нас се работи“ во рамките на своите планирани активности, од проектот Граѓанска вклученост во решавање на проблемите со аерозагадувањето, финансиран од УСАИД и ФИИОМ во наредниот период ќе организира неколку акции за пошумување на локации во близина на Битола како и во самиот град во рамките на своите можности.
Првата таква акција е планирана за недела 22.11.2015 со почеток во 11 часот. Пошумувањето ќе се изврши во соработка со месното население, кое изрази огромна желба да помогне во оваа акција, и кое се организира овие неколку седмици, ( повеќе од 30 луѓе се најавени)
Пошумувањето ќе се изврши на локација во населбата Баир, над месноста Кркрдаш, која во изминативе години беше опожарена.
За таа цел обезбедивме повеќе од 300 борови садници, садници на бреза и чемпрес.
Од страна на здружението е организиран и алат, во рамките на нашите можности како и храна и пијалок за учесниците во оваа акција.
За акцијата да биде поуспешна , можете и вие драги битолчани да го дадете својот придонес со учество во овие акции. Ве молиме доколку сте во можност понесете си и алат.
Стручна помош што се однесува до самото садење ќе биде обезбедена на самото место.
Заинтересираните граѓани можат да го најават своето учество како и да добијат дополнителни информации на следниве телефони :071/278/670 и 078/807/062, како и на нашата емаил адреса : zanasseraboti@аgmail.com
Поаѓањето со организиран превозот ќе биде во 10 : 45 часот од две локации и тоа:
1. На паркингот пред Центарот за култура
2. На паркингот пред Веро (В. Карангелевски)
Ние од здружението не се надеваме дека преку ноќ ќе се реши проблемот со аерозагадувањето, и дека веќе од утре Битола ќе има чист воздух, но сме сигурни дека ова е еден голем чекор во поглед на граѓанската вклученост во решавањето на овој проблем кој сите не засега.
Со надеж дека времето во недела ќе не послужи и дека акцијата успешно ќе биде спроведена , ве поздравуваме!
ЗА НАС СЕ РАБОТИ, изјави Иван Јерчиќ, Здружение За нас се работи.