Внимавајте со оружјето што сте го добиле во наследство

0
1158

policija bitola

Во случај на смрт на сопственикот на оружјето, полнолетните членови на неговото семејство или други полнолетни лица кои со него живееле во исто семејно домаќинство се должни во рок од шест месеци од смртта на лицето да го предадат оружјето и муницијата на надлежниот орган или најблиската полициска станица, за што се издава потврда, Согласно Законот за оружје. Ваква препорака доаѓа од битолската полиција откако одредени информации укажале дека на територија на СВР Битола постои оружје кое го поседувале со дозвола лица кои се веќе починати, а од страна на членовите на нивните семејства не е постапено согласно Законот за оружјето.Непочитувањето на одредбите од Законот повлекува одредени санкции. Оружјето и муницијата можат да бидат привремено онеспособени со пломбирање од страна на трговски друштва, кои имаат добиено одобрение за производство на оружје и муниција и поправање на оружје. Лицето кое наследило оружје може во рок од два месеца по завршување на оставинската постапка да поднесе барање за издавање на дозвола за оружјето или да го отуѓи оружјето. (Оружјето може да се продаде само на физички, односно правни лица кои поседуваат одобрение за набавување на оружје или на правно лице овластено да врши промет со оружје, делови за оружје и муниција).
Дозвола за оружје може да се издаде на лице кое ги исполнува следните услови:
Има наполнето 18 години живот
Не му е одземена или ограничена деловната способност
Здравствено е способно да поседува и носи оружје
Не претставува опасност за јавниот ред
Има оправдана причина за набавување оружје
Располага со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје
Има живеалиште на територијата на Република Македонија, а доколку е странец има одобрен постојан престој
Доколку лицето кое наследило оружје не поднесе барање за издавање на дозвола за оружје во предвидениот рок или барањето за издавање на дозволата за оружје е одбиено, или лицето не сака да го отуѓи оружјето, тогаш ова лице може да поднесе барање за привремено онеспособување (деактивирање на оружјето). Доколку во случај на смрт на сопственикот, во пропишаниот рок не се предаде оружјето и муницијата , на физичкото лице ќе се изрече глоба за прекршок во износ од 500 до 1000 евра.
Забрането е:
Носење на оружје на јавно место
Носење на ловечко оружје надвор од ловиште или стрелиште
Поседување или носење оружје без соодветна дозвола за истото
Продажба на оружје и муниција на лице кое нема одобрение за набавување на оружје
Давање оружје на употреба на лице кое нема дозвола за оружје

Без коментари

LEAVE A REPLY