Внимавајте, телефонски вирус

0
3137

Дали деновиве добивте ваква смс порака ако користите андроид апликација ? Ако ја добивте и не ја отворивте тогаш сте среќна личност, а ако ја добивте и ја отворивте тогаш сте жртва на најновиот вирус

-Сопствениците на паметни телефони кои го работат оперативниот систем Андроид им се заканува нов опасен вирус кој се шири преку смс потраки , ако се инсталира на телефонот, може да избрише целата содржина на мобилниот уредник, па може и да се јавува на друг телефонот и да чита порака, изјави Предраг Стојковски, Нова Солушнс

Стручњаците секогаш предупредуваат на претрпазливост , немојте никогаш да ги отварате линкот со мејл, смс порака или порака на фајзбоок , твитер, вибер и други сервиси кои се наменети за комуникација, како ни оние пораки кои ви ги праќаат непознати личности.

– Сo кликнување на тој линк на телефонот се инсталира Tor softver кој на криминалците им помага да се поврзат со телефонот, а со него и со малвер вирусот кој што може да направи голема штета на телефонот, од читање на содржината на смс , праќање смс без да знае сопственикот на телефонот , до можност да ги избрише сите податоци од телефонот, ѕвонење на телефони, пример броеви кои што се надвор од нашата држава за кои што разговорот на сопственикот на телефонот ќе може многу да го чини, до бришење на сите податоци од телефонот, изјави Предраг Стојковски, Нова Солушнс

Стручњаците велат друга заштита е инсталирање на софтвер само за проверени извори, а краен случај е телефонот да се однесе на сервис .Овај вирус го открија стручњаци за безбедност од Данска, компанијата Хајмдал, од каде што додаваат дека пораката со вирусот е пуштена на повеќе од 100 илјади телефони само во Данска, а колку има вакви смс пораки во цела Европа нема податок.

Без коментари

LEAVE A REPLY