Во 2016 година цената на огревното дрво останува иста

0
395

Цената на буковото и дабовото дрво и во 2016 година остануваат исти како и во 2015 година. Граѓаните буково огревно дрво ќе можат да набават за 2370 денари по метар квадратен и дабово дрво за 2450 денари по метар квадратен.

Караџоски информираше дека пензионерите и инвалидите ќе можат да аплицираат за дрво најдоцна до 15.03.2016 година во подружниците на ЈП и огревното дрво ќе можат да го плаќаат на 8 рати.

-Барањата за огревно дрво физичките лица од социјално ранливи категории, социјални случаи, лицата со попреченост во развојот, деца без родители, самохрани родители, стечајни работници, семејства на бранителите , членови на семејствата на вработени кои загинале при работа ќе можат да поднесуваат најдоцна до 15.03.2016 со тоа што ќе треба да достават потврда за докажување на статусот и плаќање на 8 рати, истакна Караџоски.

Додаде дека сите други физички лица ќе можат да аплицираат за огревно дрво до 15.03.2016 со тоа што огревното дрво ќе можат да го купат на 5 рати или со готовинска уплата.