Во акција на руската полиција на Кавказ убиени 14 џихадисти

0
284

Руските власти соопштија денес дека во специјална операција на полициските сили на северот на Кавказ биле убиени 14 борци поврзани со терористичката организација Исламска држава, јавуваат руските медиуми.

„Според првичните информации, неутрализирани се 14 екстремисти“, соопшти рускиот Национален антитерористички комитет, додавајќи дека сите тие биле членови на група која се заколнала на лојалност на Исламска држава, пренесува агенцијата Тасс.

Екстремистите отвориле оган на полицајците и фрлиле гранати откако биле опколени во една мала шумска област во близина на градот Налчик, во руската република Кабардино-Балкарија на северот на Кавказ, соопштила полицијата, додавајќи дека акцијата продолжува.