Во Атина протест за оставка на грчката влада

0
269

Во центарот на Атина синоќа беше одржан протест на кој беше побрано грчката влада да поднесе оставка поради економските реформи во земјата. Неколку илјади граѓани одговорија на повикот на Фејсбук, постиран од група, наречена „Оставка сега“.

Притоа учесниците на протестот ги блокираа улиците околу парламентот извикувајќи „Изманици“ и „Оставка“.

Според дел од нив, Грција не заслужувала таква влада и затоа треба што поскоро да си замине.

Во минатата недела земјите од еврозоната и дадоа на презадолжената Грција уште еден спасувачки кредит во вредност од 8 ипол милијарди евра и понудија дополнителна гаранција на патот до можно отпишување на грчкиот долг.