Во Атина убиен адвокат, шок во политичкиот врв

0
261

Познат адвокат од Атина со пиштол бил убиен од две лица синоќа во неговата канцеларија. Убиството на 52 годишниот Михалис Зафиропулос, како што јавуваат грчките медиуми, предизвика шок и огорчување во градот. Убиениот адвокат во изминативе неколку години застапувал многубројни обвинети во случаи на корупција, а бил активен и во Адвокатската комора. Одборот на Комората реши поради неговото убиство една недела да ги запре сите активности на адвокатите во Атина. Премиерот Алексис Ципрас побара брзо расветлување на случајот, додека претседателот на опозициската Нова Демократија Киријакос Мицотакис изјави дека бил згрозен од убиството на истакнат член на неговата партија.

www.slobodnaevropa.mk

Без коментари