Во авионот на „Иџипт ер“ имало чад

0
210

Податоците од една од црните кутии од авионот на компанијата „Иџипт ер“ покажале дека во леталото се активирале алармите за чад, соопшти денеска египетскиот истражен комитет.

Овој наод се совпаѓа и со податоците, кои ги забележал автоматскиот систем за снимање податоци за летот АЦАРС, кој исто така регистрираше присуство на чад во авионот во моментот на падот.

Авионот на „Иџипт ер“ се урна во мај и тогаш загинаа сите 66 патници и членови на екипажот. Црните кутии неодамна се извлечени од Медитеранот и бидејќи биле оштетени испратени се на поправка во Франција.

Поправката на втората црна кутија, односно уредите за снимање на разговорите и комуникациите во кабината, се уште е во тек.