Во авионот што се урна на Малта немало функционери на ЕУ

0
413

Петмина Французи загинаа утрово во авионската несреќа  што се случи на аеродромот на Малта.Во авионот, што се урна утрово на Малта, немало функционери на Европската унија, изјави високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини. Претходно, ваквата информација ја демантираа и од граничната служба на Унијата, ФРОНТЕКС, откако одредени медиуми објавија дека лицата кои загинале биле членови на оваа агенција.„Авионот кој се урна на Малта не е на ФРОНТЕКС“, напишаа на Твитер од агенцијата. Најмалку пет лица загинаа откако мал авион се урна утрово, непосредно по полетувањето од Малта. Несреќа се случила околу 7:20 часот по локално време набргу откако авионот полетал за Либија.