Во авионска несреќа во Непал 23 загинати

0
381

Во падот на патнички авион во централен Непал загинаа сите 20 патници, меѓу кои и три деца, и тројцата членови на екипажот, соопштија во средата властите.

Пронајдени се остатоците од изгорениот авион и телата на загинатите на планината Соли Гоптебир во покраината Мјагди, објави во полицијата. Причината за падот на авионот не е позната.

Авионот на компанијата „Tara Air“ летал од покраина Покхара во Јомсон. Се урнал во планинската област во Мјагди, соопштил претставникот на аеродромот од кој полетал малиот авион, Дипак Баран.

На истата авионска линија се случи уште една несреќа во мај 2012 година, кога загинаа 15 луѓе. Во друга авионска несреќа во истата област во мај 2013 година, пак, загинаа 21 лице./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY