Во Австралија ќе се вадат пари за биткоини од банкомати

0
352

Австралискиот оператор со банкомати Stargroup постигна договор со DigitalX компанијата за тргување за биткоини со што на корисниците ќе им се овозможи од банкомат да вадат пари за вредноста која ја имаат нивните биткоини.

Stargroup има околу 500 сопствени банкомати низ Австралија со уште 2500 банкомати кои ги оперира и идејата е корисниците на криптовалутата биткоин да дојдат и до парични средства доколку им се потребни за плаќања и трансакции.

„Развојот на банкоматите може да оди и во правец на примена и на останатите криптовалути и да почнеме со интернационална дистрибуција“ посочи Тод Зани, главниот извршен директор на Stargroup за идните планови за развој.

Во Австралија веќе постојат дваесетина банкомати кои овозможуваат конверзија на дигиталните криптовалути на салдото на корисникот, но засега без можност за замена за кеш.

Stargroup во првата половина на годинава пријави вкупни приходи од над 9 милиони долари со профит од речиси 2 милиони долари.

faktor.mk

Без коментари