Во Австралија МПЦ конечно ќе се подели на две

0
837

За претседателот на Здружението на македонските заедници во Австралија Игор Аврамовски Александров последната одлука на Синодот на МПЦ-ОА за прекрстување и превенчавање на македонските верници во таа земја е безумно и бесрамно писмо и дело на крајно искомпромитираниот владика Петар, потпишано од поглаварот Стефан, со поткрепа на тетовскиот владика Јосиф и кумановскиот владика Јосиф.

Во изјавата за МКД.мк Александров вели дека со поддршката на овој срамен чин васиците од Тетово и Куманово му се раздолжуваат на Петар за тоа што лани ги почести со туристичка прошетка на Австралија.

„Но, зошто поглаварот толку вулгарно си го погазува својот збор и авторитет и гази по сè што сме преговарале од декември 2012 наваму, сè уште не е јасно. Очигледната намера на ваквото писмо, со кое неколку владици неканонски се мешаат во ингеренциите на австралискиот администратор г. Тимотеј, е да ги нарушат нашите двегодишни напори за регистрирање на македонска православна епархија како правно лице во Австралија и заштита на црковните имоти и средства од напорите на Петар да ги приграби на свое лично име“, вели Александров.

Тој вели дека контактирал со владиката Тимотеј и дека тој му потврдил дека прогласот за неговата наводна екскомуникација и за потреба од прекрштевање, превенчавање и препогребување на верници е неважечки.

http://www.mkd.mk/makedonija/dijaspora/vo-avstralija-mpc-konechno-kje-se-podeli-na-dve

Без коментари

LEAVE A REPLY