Во Австралија верниците треба да се прекрстуваат, превенчаваат, препогребуваат!

0
560

Архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан ставил потпис и печат на одлука со која се тераат верниците што биле погребени, крстени или венчани од свештеници што се дел од црквите што не се под јурисдикција на владиката Петар тоа да го сторат во рок од 12 месеци. До 30 септември 2016 година МПЦ тоа ќе го прави бесплатно, а потоа според ценовникот.

Ова скандалозно писмо е дел од напорите на МПЦ да се надминат проблемите во Австралија. Во насока на таквото надминување, сите овие Македонци се наречени „таканаречени верници“.

Во одлуката има список на свештеници и ѓакони за кои Синодот на МПЦ решил дека нивниот чин на венчавање, погребување и крштевање бил неважечки, затоа што биле расчинети. Сега дојде време тој чин да биде спроведен од легитимни свештеници кои се поставени од надлежниот Архиереј.

Оние кои нема да ја послушаат оваа наредба, ќе бидат исклучени од црквата и нема да можат да одат на причест.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY