Во Австралија запленета дрога во вредност од 1,25 млрд австралиски долари

0
441

Австралиските власти објавија дека заплениле количество течен метамфетамин во вредност од 1,25 милијарда австралиски долари, најголемото откривање на нелегална трговија со дрога во последните две години.

Четворица Кинези, од нив тројца од Хонгконг, се обвинети за учество во криумчарење и производство на 720 литри течна дрога, која била сокриена во посебни делови од гел во градници и во уметнички прибор.

Дрогата е пронајдена на неколку локации во Сиднеј, вклучително и контејнер за транспорт на стоки од Хонгконг, потврдија австралиските власти.

„Ова е најголемата заплена на течен метамфетамин и една од најголемите заплени на дрога во историјата на Австралија“, изјави министерот за правосудство Мајкл Кинан.

Додаде дека операцијата е резултат на заедничка истрага на австралиските власти и кинеската национална комисија за наркотици./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY