Во Австрија загинаа петмина алпинисти

0
415

Пет лица загинаа, е еден е тешко повреден во несреќата која се случи на планини во австриската сојузна покраина Салцбург.

Несреќата, чијашто причина сѐ уште со сигурност не е утврдена, се случила под врвот Маникаршарт, висок 2.813 метри, кај местото Цел-ам-Зе, во покраината Салцбург.

Црвениот крст соопшти дека според првите информации, групата планинари паднале во момент кога биле врзани со исто јаже.

На местото на несреќата испратени се пет спасувачки хеликоптери.