Во Белгија уапсени двајца осомничени терористи

0
270

Белгиската полиција уапси две лица во различни делови од државата во неделата и понеделникот, осомничени дека планирале напади во Брисел за време на новогодишната вечер, соопштија денеска федерални обвинители.

За време на претрес на куќи во провинција соседна на Брисел и Лиеж, вкупно шест луѓе се приведени на сослушување, но четворица се ослободени.

Полицијата пронашла воена облека и пропаганден материјал на Исламска држава, но не пронашла оружје ниту експлозиви.