Во бездна на патот Велес – Скопје пронајдено е телото на потполковникот Чонтев

0
1760

Телото на Робертино Чонтев, кој исчезна на 24 јули, било пронајдено во бездна на патот Велес – Скопје кај Катланово. Близок член на семејството го идентификувал телото.

Припадници на Единицата за специјални задачи утрово успеале да го извлечат телото од превртеното возило  „рено 9“.

Робертино Чонтев (45) бил вработен како потполковник во АРМ. Тој на 24 јули со своето возило излегол од дома околу 10 часот и тргнал кон Велес.