Во Битола 12.300 лица се корисници на старосни, семејни и инвалидски пензии

0
659

Во Битола има 12.300 лица кои што се корисници на старосни, семејни и инвалидски пензии. Една од нив е и Марија Мичајковска која што аплицирала за бесплатен викенд кои што е дел од проектите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Македонија за бањско-климатска рекреација и бесплатен викенд .

penzioner

-Пред 3 години аплицирав за бањско лекување, ме пуштија во Дебарски бањи. Пролетва аплицирав за викенд и го искористив во Струга- рече Марија Мичајковска, пензионер.

branka

Според податоците на Фондот, во Битола има 24. 000 осигуреници и 4. 000 обврзници. Досега, за докуп на стаж биле поднесени 26 барања и сите биле процесуирани, изјави Бранка Стојановска раководител на ПЕ ФПИОМ-Битола