Во Битола 13, во Прилеп ниту еден развод

0
853

Во Битола се родиле 226, од вкупно умрените 286, само едно е новороденче. Во Прилеп исто така починало едно новороденче од вкупно умрените 216, а се родиле 166.
Во Демир Хисар се родитле 11.

Едно новороденче починало од вкупно 36 починати лица.
И во Крушево починало едно новороденче од вкупно 24 починати лица, а се родиле 25.
Во Могила, Новаци и Ресен не починало новороденче, а се родиле најмалку, 8 во Новаци, потоа 14 во Могила и 33 во Ресен.

Најмногу разводи имало 13 во Битола, 159 склучени бракови. Во Прилеп немало развод, а 101 скучен брак.

Исто така развод немало ниту во Крушево, Могила. Новаци и Прилеп, а само два во Ресен и еден во Демир Хисар.
Најмалку бракови се склучиле во Новаци само 2, осум во Могила, 33 во ресен, 14 во Крушево и 11 во Демир Хисар.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2016 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 2.8% и изнесува 5 559 живородени деца.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2016 година бележи намалување од 1.6% во споредба со истото тримесечје од 2015 година и изнесува 4 777 лицa, а од нив 55 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 782 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намалeн за 14.6% во споредба со истиот период од 2015 година и изнесува 3 194 бракови.

Во овој квартал од 2016 година се регистрирани 279 разведени бракови.