Во Битола 15 првачиња повеќе од лани

0
3344

Училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна година. Возбудени, среќни и полни со исчекување, вака изгледаа 29 те првачиња во Основното училишта во Александар Турунџв во с.Кукуречани. Секое од нив со различни очекувања. Родителите пак кои што прв пат имаат прваче, тргнувањето во прво оделение го доживуваат најтешко. Пред нив многу прашања. Треба ли да знае да чита и пишува?Дали и колку треба да му помогнам?Како да му наметнам работни навики?Да го носам на училиште или да оди само?Што доколку не е подготвено за на училиште?Дали ќе се вклопат во новата средина?

uciliste 1

-Среќни и возбудени сме што денеска почнуваме во прво одделение. Ќе научиме да пишуваме и читаме а и ќе си играме со другарчината. Јас како родител сум возбудено и среќна, но сега ни почнуваат грижите, рекоа дел од децата и родителите

Годинава на ниво на општина Битола има 15 првачиња повеќе од минатата година. Лани биле 1022 а годинава 1037, но до денес се запишале 1000 првачиња. Родителите можат да ги запишат првачињата до 15 ти септември. Топло добредојде и успешен старт им посака советниот за образование од општина Битола

uciliste 3

-Денеска е првиот училишен ден, им посакувам многу здравје, многу среќа и се разбира многу успех, изјави Снежана Петровска советник за образование

Освен за првачињата летниот распуст заврши и за над 7000 основци и 4000 илјади средношколци. Во Александар Турунџев пак школската година почна и за 211 основци. Во изминатите 10 години бројот на ученици во ова училиште се зголемува, рече Никола Јовески, директор на ОУ „Александар Турунџев“

Школската година во сите основни и средни училишта во градот како што имформираше Петровска почнала без проблем.