Во Битола денеска до 18 степени

0
397

Ведрото и натпросечно топло време ќе бидат одлика на овој втор ден од февруари.

Максималната температурата во југоисточниот регион за 2°С до 3°С ќе ја надмине границата од 20°С, додека низ котлините во западниот и северниот регион очекуваат температура помеѓу 16°С и 19°С.

Во среда не се очекува позначителна промена на времето во однос на денешниот ден.
Пад на температурата, проследен со брз и краткотраен бран на врнежи од дожд, односно снег на планините се очекува во четврток.