Во Битола денеска до 39 степени

0
438

Сончево и многу топло, попладне со мала локална облачност.Ќе дува слаб ветер од североисточен а во јужните делови од југоисточен правец. УВ=9 Максималната
температура ќе биде во интервал од 36 до 41 степени.

Максималната температура во Битола денеска до 39 степени.

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на претежно стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе овозможи продолжување на периодот на претежно
сончево и многу топло време. Од понеделник во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а
на места вдолж Повардарието ќе надминува 40 степени. Најтопло се очекува да биде викендов. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.

Без коментари