Во Битола дневната температура до 25 степени

0
234

Во Македонија денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Во Битола дневната температура ќе достигне до 25 степени, Охрид 24, Кавадарци 26, Берово 22, Дојран 27…

До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и ќе дува умерен јужен ветер, особено изразен вдолж Поварадарието. Температурата ќе биде во пораст.

Потоа облачноста ќе се зголеми, а најоблачно преку целиот ден ќе се задржи во сабота, додека во наредните денови ќе има подолги сончеви периоди.

Од сабота до вторник во попладневните и вечерните часови ќе има локален дожд, кој краткотрајно можно е да биде пороен и проследен со ретка појава на грмежи. Во недела ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови спуштање на дневната температура за 4 до 5 степени во однос на претходниот ден. Од понеделник температурата повторно ќе биде во пораст, прогнозира УХМР Македонија.