Во Битола до 27 степени

0
479

Времето денес во Македонија ќе биде сончево и доста топло за овој период од годината, а ќе дува и слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд и ретки грмежи во југозападните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 15, а дневната од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во наредните денови ќе се задржи сончево и доста топло време, но во попладневните часови не е исклучена појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.