Во Битола до вторник со дожд

0
713

Времето претпладне во централните и источните делови од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Во пладневните часови ќе почнат повремени врнежи дожд кои во вечерните часови ќе се прошират насекаде. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кон недела и ќе бидат пообилни на југот од земјата.

Утринската температура ќе се движи од нула до пет, а дневната  од девет до 15 степени.

Во Битола до вторник со дожд.

На повеќе места низ Македонија до понеделник наутро се очекува да наврнат 35 литри на метар квадратен дожд. Врнежи ќе има и во понеделник, но со послаб интензитет. Во недела на планините ќе врне снег, а во понеделник висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и до 1.000 метри надморска висина.

Без коментари

LEAVE A REPLY