Во Битола годинава околу 1000 првачиња

0
1408

Во тек е уписот на првачиња за учебната 2016/2017 година во сите основни училишта во Република Македонија.

-Согласно законот за основно образование сите деца кои што наполнале 6 години ќе се запишат во прв одделение. Во сите основни училишта во Р.Македонија од 1 во 31 мај во тек е уписот за првачињата. Согласно списокот што го добиваме од МВР на ниво на Р.Македонија има над 30 илјади првачиња, а на ниво на општина Битола бројката се движи околу 1000 првачиња, изјави Снежана Петровска, советник за образование во општина Битола

При запишувањето доаѓа родителот со детето и притоа ги доставува документите а комисија одлучува дали детето е подготвено за школските клупи

-При запишување доаѓа родителот/старателот заедно со детето и притоа доставува: извод од матична книга на родени за детето (на увид), лекарска потврда за примени задолжителни вакцини на детето издадена од надлежна здравствена установа, потврда за стоматолошки преглед “, лични карта од двајцата родители/старатели како доказ за местото на живеење (на увид). Доколку родителите од било која причина нема да го запишат своето дете во законски предвидениот рок, тоа ќе треба да го сторат дополнително,  додаде Петровска

Запишувањето на првачињата во прво одделение важи за сите деца што до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, односно сите деца кои се родени во 2010 година.

Без коментари

LEAVE A REPLY