Во Битола има вакцини против стрептокока

0
751

Три илјади дози вакцини против бактеријата стрептокока на први август стигнаа во земјава. Вакцината е незадолжителна и бесплатна и е наменета за деца на возраст од шест недели до пет години. Во Република Македонија податоците покажуваат дека поголем број деца – околу 2.000 на годишно ниво добиваат бактериска пнеумонија каде причинител во 90 отсто од случаите е стрептококус пнеумоние. Околу 1.000 деца заболуваат од отитис или воспаление на увото каде во 90 отсто причинител е стрептокока.
Оваа вакцина штити од заболувања предизвикани од бактеријата стрептокока, како што се: пневмонија (воспаление на белите дробови), отитис (воспаление на увото), бронхитис и потешки форми, како: сепса, менингитис, артритис, и др., посебно кај деца со намален имунитет – најчесто кај децата на возраст од шест недели до пет години таа бактерија може да предизвика некое од спомнатите заболувања, вели д-р Трајанка Лалевска од Службата за првентивна медицина
Во светски рамки на годишно ниво се третираат околу 156 милиони случаи на пневмонија кај децата, од кои поголем дел се причинети од стрептокока. Најризични групи за ова заболување, се малите деца, особено оние со намален имунитет и потхранети, децата кои престојуваат во колектив, како и повозрасни лица, лица со хронични заболувања и со ослабен имунолошки систем. Вакцината не може да се прими само со фаза на акутно заболување, ако детето има температура и симптоми.