Во Битола масовно се фалсификувале медицински белешки за отсуство од училиште

0
2356

Од страна на СВР-Битола, во првото полугодие од 2016 година, констатирана е појава на фалсификување на медицински белешки. Појавата е откриена по реакција и пријава од страна на здравствена установа од Битола.

По превземените низа мерки и активности од страна на полициски службеници од Отсекот за економски криминал во СВР- Битола, поднесена е 1 кривична пријава и 15 известувања до ОЈО, против едно правно лице, едно одговорно лице во правното, еден вработен и 83 ученици и тоа за 14 кривични дела „фалсификување исправа“ (13 дела по член 378 ст.1 и 1 дело по чл.378 ст.4 од КЗ) , 3 дела „посебни случаи на фалсификување исправа и 67 дела „употреба на исправа со невистинита содржина.

Делата се извршувани во текот на 2014, 2015 и 2016 година, на начин што ученици – средношколци, набавувале бланко медицински белешки или веќе пополнети, како и оригинални медицински белешки, истите ги пополнувале своерачно, или со компјутерско бришење на податоците, внесувале нови со задржување на обележјата (факсимил, потпис, печат, штембил). За соодветна парична надомест, на учениците им било помагано од страна на правни лица (фото студио и печатница), на начин што им биле обезбедувани бланко медицински белешки, или на веќе пополнети им биле бришани податоците и истите биле печатени. Ваквите белешки од страна на учениците биле користени за оправдување на отсуство од настава. Констатирано е дека дел од учениците, по неколку пати ги користеле истите обрасци.

Од причина што станува збор за сериозни кривични дела и поради тоа што во истите се инволвирани малолетници, а со цел спречување на појавата, СВР Битола апелира до родителите, класните раководители и правните лица, да се посвети поголемо внимание на средношколците, нивното отсуство од настава и употреба на медицински белешки, а секоја забележана ваква појава да се пријави во СВР- Битола .