Во Битола меѓународна научна конференција за „Образованието на крстопат“

0
787

Меѓународниот ден на науката 10 ноември МНД ќе го одбележи со Меѓународната научна конференција на тема – „Образованието на крстопат – состојби, предизвици, решенија и перспективи“. Станува збор за изработување на научни трудови кои ќе бидат рецезирани и објавени во Зборник на трудови од конференцијата, во печатена и електронска форма. А оние трудови кои ќе бидат селектираните како најдобри ќе бидат објавени во научното списание Прилози.

– Со конференцијата која ќе се одржи на 10 и 11 ноември, ќе се овозможи директен придонес за образовните процеси во државата и истовремено ќе продолжи етаблирањето на МНД-Битола во меѓународните научни кругови. Фактот што конференцијата е поддржана од МАНУ дополнително ја потврдува референтноста на овој настан вели, претседателот на МНД-Битола, Марјан Танушевски

Образованието е двигател на општеството, и од тие причини се определи темата за да се избери вистински пат на движење на нашето образование вели потпретседателот на МНД и претседател на Програмски комитет Проф.д-р Дејан Илиев.

– Конференцијата на секој учесник ќе му овозможи кариерен развој бидејќи во програмскиот комитет учествуваат 32 експерти од 10 држави, односно од Швајцарија, Полска, Шпанија, Хрватска, Азербејџан, Србија, Словенија, Бугарија, Босна и Херцеговина и од Македонија, истакна Илиев.

Меѓународната конференција е поддржана од Македонска Академија на Науки и Уметности – МАНУ а се организира во соработка со Педагошкиот факултет Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, Учителскиот факултет во Белград при Белградскиот универзитет, Факултетот за образование на наставници при Универзитетот во Загреб, Педагошкиот факултет при Универзитетот во Марибор, Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Високата школа за струковни студии за воспитувачи „Михаило Палов“ во Вршац при Белградскиот универзитет и Високошколско средиште Ново Место.