Во Битола над 6200 лица на инсулинска терапија

0
295

– Денес го прославуваме 14 Ноември Светскиот ден на дијабетот. Здружението на граѓани со дијабет на Општината Битола пермаментно води грижа за своите граѓани и ги дава потребните соопштенија и насоки за зачувување на здравјето. За жал бројот на граѓани со дијабет се зголемува а општеството се помалку води грижа за обезбедување на инсулинската терапија. Заради тоа Здружението почесто на своите седници напоменува дека се повеќе да се води сметка, затоа што дијабетот станува пандемска болест, во Битола има над 6200 лица на инсулинска терапија, а останатите на ваков начин со мерење на шеќер ги откриваме кој ја има таа болест оти некои не знаат, изјави Борче Мијалчев од Здружението на граѓани со дијабет

 

-Во светот има околу 400 милиони заболени од оваа болест а до 2030 година се очекува дека бројката ќе порасни до 600 милиони, од нив околу 130 милиони се жени, тоа е интересен податок, бидејќи годинава се одбележува овој ден во знак на борба против дијабетот , односно бремени жени и дијабет,процентуално доаѓа дека една жена со дијабет на десет бремени. Во Битола веќе 10 години се одбележува овој ден од страна на нашиот клуб и од другите Лајонс клубови . Денеска  се измерени 50 граѓани за шеќер во крвта а кај неколку  е и пронајдена висока вредност на шеќер во крвта и се пратени на понатамошна интервенција , изјави Кристијан Велјанов претседател на Лајонс Клуб