Во Битола одбележан Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

0
361

Јавната установа Завод за рехабилитација на слух говор и глас „Кочо Рацин“-Битола во соработка со Лајонс клубот „Кабадаја“ на Широк Сокак го одржаа традиционалното дефиле-марш посветен на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

Манифестацијата, која годинава се одвиваше под мотото „Обоиме во пријател“, се одржа со цел да се запознае јавноста, да се укаже на проблемите, но и да покажеме дека ние сите живееме во еден ист свет и сме сите исти, исјави Марија Додовска, член на Лајонс клубот „Кабадаја“-Битола.