Во Битола одложен судскиот процес за предметот „Јустиција“

0
363

Во Основниот суд – Битола денеска беше одложен почетокот на судскиот процес, во јавноста познат како „Јустиција“ кој се води против четворица судии и неколку службеници административни работници од Основниот Суд Скопје-1 за несовесно работење во службата.

„ Судскиот процес не почна затоа што имаше приговор за месна ненадлежност но со записник беше констатирано дека месната надлежност на Судот во Битола останува и е согласно решението на Врховен суд кое е правосилно и без посебно право на жалба. Инаку, денес во Битола беа присутни осум обвинети, а тројца од обвинетите беа отсутни иако и тие беа уредно известени. Еден од бранителите побара одлагање на судскиот процес заради месната надлежност на Судот и заради ангажираност во други предмети, но и заради здравствени проблеми на некои од обвинетите иако за тоа не достави потврда“  истакна судијата во овој процес Милка Бизевска, која воедно ја врши функцијата портпарол на Основен Суд – Битола.