Во Битола отворен прв ИТ Хаб во високо-образовна институција

0
281

Студентите од Факултетот за информатички и комуникациски техниологии во Битола, како и сите ИТ професионалци ќе добиваат соодветна стручна и техничка помош при реализација на своите претприемнички идеи преку првиот ИТ хаб во овој регион – BIT Hub, кој беше најавен во Битола.

BIT Hub-от ќе биде лоциран на Факултетот за информатички и комуникациски техниологии (ФИКТ) во Битола, а е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability – IME) на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), имплементирана од Swisscontact и локалниот партнер PREDA Plus.

Според деканот на ФИКТ, професор д-р Пеце Митревски, овој хаб ќе овозможи услови студентите и сите ИТ професионалциод малите и средни компании, да ги развијат своите бизнис идеи и да ги зголемат своите технички и претприемнички вештини.

 „ФИКТ е најмладата високо-образовна институција во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ којашто во изминатите две академски години запиша преку 600 нови студенти, а новата четиригодишна студиска програма „ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ И КОМУНИКАЦИСКО ИНЖЕНЕРСТВО“, со вкупно девет профили на специјализација, има дури 89% совпаѓање на содржините и резултатите од учењето со слична студиска програма што се изведува на Boston University Metropolitan College.

Студентите, освен теоретското знаење, треба и ќе добијат можност практично да ги реализираат и своите бизнис идеи. Токму во изминатиов двегодишен период на ФИКТ беа формирани 28 (дваесет и осум) студентски работни групи со вкупно 145 студенти, коишто активно работеа и работат на практични проекти од областите на Софтверското инженерство и Мрежните сервиси, а се менторираат од ментори од неколку ИТ компании. Дел од компаниите обезбедија дури и стипендии, како и покривање на школарините за најдобрите студенти“, рече Митревски.

 

Борче Јанкулоски, директор на ПРЕДА Плус и претставник на IME, на денешната средба со новинарите, рече дека BIT Hub-от, во почетата фаза, ќе одговори на сите потреби за пристап до услуги за поддршка и развој на вештини за претприемнитво и бизнис.