Во Битола помалку првачиња од лани

0
798

Училишното ѕвонче го означи првиот ден од новата учебна година на што најмногу се израдуваа првачињата кои во ОУ„ Климент Охридски “ годинава ги има најмногу од цела општина и нивниот број е 120, што значи 14 повеќе првачиња од минатата година.Фатени за рачиња еден позади друг предводени од своите наставници седнаа за прв пат во училишните клупи. Добредојде им посака градоначаникот на општината

taleski

Денеска е првиот училишен ден, им посакувам многу здравје, многу среќа и се разбира многу успех. Она што е најважно е да се вложи во нешто што навистина нема цена, а тоа е знаењето. И затоа се обидуваме максимално со сите наши сили и сите наши капацитети, да овозможиме максимални услови, за убав и безбеден процес на образование на сите деца во нашата општина.“ изјави градоначалникот Талески“, изјави д-р Владимир Талески градоначалник

Освен за првачињата летниот распуст заврши и за 980 основци од ова училиште. Годинава тие ќе го продолжат образованието во реновирани 9 кабинети и со 3 нови интерактивни електронски табли

direktor na kliment

Многу се радувам бидејќи годинава во ова училиште имаме зголемен број на првачиња, 14 повеќе од минатата година. На сите им посакувам успешна година“, изјави Андријана Мигуловска, директор на ОУ Св. Климент Охридски-Битола

На ниво на општина Битола годинава има 20 помалку првачиња од лани

snezana

Оваа година имаме вкупно 960 првачиња на ниво на општина Битола тоа значи помалку 20 од минатата година, но според списокот на МВР има сеуште за запишување првачиња.Оваа година на ниво на општина за учебната 2015/2016 година имаме 7834 основци и 4480 средношколци“, изјави Снежана Петровска, советник за образование во општина Битола

На сите родители кои што денеска дојдоа со своите првачиња во ОУ Климент Охридски им беше доделена брошура со цел да се информираат за мисијата, визијата и приуритетите во ова училиште како и правилник за однесувањето на родителите во училиштето и однесувањето на ученикот.