Во Битола промовиран Колективниот договор за медиумите

0
374

Во Битола денес беше промовиран Колективниот договор за медиумите

tamara

-Синдикатот на новинари и медиумски работници смета дека проблемите во новинарството се системски и бараат системски одговори. Токму Колективниот договор е таков системски одговор. Тој дава одговор на сите прашања кој не мачат нас како вработени во медиуми, но ги мачат и оние кои што  имаат медиуми. Тоа се прашања за плата, за работно време, за напредување во кариера, сменска работа, празничното работење и ред други прашања, за кои ние вработените во медиумите разговараме многу често, неформално, кога ќе се видиме, но малку разговараме таму каде што треба да разговараме, во канцеларијата на работодавачите, изјави Тамара Чаусидис претседател на Синдикатот на новинари и медиумски работници.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY