Во Битола работник со „Бобкет“ прегази колеги, едниот почина

0
4069

Фотографија од Google

На 20.09.2016 година околу 13,40 часот во Битола во просторот на станбено деловениот објект во изградба лоциран на ул.„Васко Карангелевски“во сопственост на ГП-Пелистер, З.М.(47) од Битола возач на работна машина „Бобкет“,извршувајќи работни задачи насипување на стопи, враќајки се наназад удрил во работниците Т.М.(56) од с.Крклино (кај кого не се констатирани телесни повреди) и Ј.Е. (63) од  Битола, кој откако бил изваден од под машината, со возило на ИМП  бил префрлен во УЦ при КБ -Битола, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на ЈО телото на починатиот е дадено за обдукција.