Во Битола се одржа четврта научна конференција на БАС

0
1084

БАС Институтот за менаџмент викендов ја одржа 4. Меѓународна научна конференција посветена на современите менаџерски предизвици и организациските науки на која учествуваа над 120 автори од државава во Битола.

bas-07-11-still003
-Високата стручна школа за туризам од Белград е формирана во 1967 година како државна институција со најдолга традиција во образувањето на кадри за потребите на туристичкиот сектор. Школата образува кадри за извршување на стручни работни задачи и управувачки функции во организациите од туристичкиот сектор, додека пак Европската висока школа за економија и менаџмент е рангирана како една од најдобро специјализираните високи школи во Бугарија. Новата соработка ќе овозможи размена на акдемски кадар и студиски престој на македонските студенти во Србија и Бугарија, изјави Доц.Лидија Стефановска, директорка на БАС Институт за менаџмент-Битола.

Мисијата на конференцијата беше размена на нови идеи и пристапи кон определени менаџерски предизвици поврзани со конкутернтноста, преку презентирање на резултатите од современите научни истражувања во областа на организациските науки и менаџментот.

-Она што ни дава основа за понатамошен развој на научната мисла и стручното достигнување е симпозиумот кој што во месец април 2017 ќе следува во организација со БАС Институтот за менаџмент и БАС, па така новите достигнувања ќе бидат од корист и значење, изјави м-р Даниела Карадаков директор на БАС

За време на академскиот собир во Битола, беше потпишан меморандум за соработка меѓу БАС Институт за менаџмент-Битола со Високата стручна школа за туризам од Белград, Србија и Европската висока школа за економија и менаџмент од Пловдив-Бугарија.

-Секоја година европејското вишо училиште по економика и менаџмент во Бугарија, склучува договор со БАС Институтот. Ние сме убедени дека образованието е гаранција за успех и ние вложивме многу во ова партнерство, убедени сме дека едно стратегиско партнерство меѓу две утврдени прекрасни училишта во две сосетски држави може да се постигне многу, изјави Доц. Марија Стоева директор по Бизнис администрација Пловдив

Годинашни соорганизатори на меѓународната научна конференција беа БАС-Скопје, Здружението на економисти и менаџери на Балканот од Белград и Центарот за развој на пелагонискиот плански регион со седиште во Битола.