Во Битола се садеше кај Раштани

0
832

Со 88 илјади стебленца на површина од 44 хектари денеска битолчани се вклучија во акцијата Ден на дрвото. Во акцијата зедоа учество голем број на граѓани а се вклучи и градоначалникот Талески кој посочи дека оваа година во Битола кон акцијата се приклучиле учениците од повеќе училишта кои на симболичен начин заеднички ќе засадуваат дрвја и заеднички ќе ја градат својата иднина

taleski

Оваа акција е одлична бидејќи свеста кај граѓаните, а и нашата, директно се менува и ја завртуваме кон екологијата, кон здравата средина за живеење. Мислам дека е добро затоа што на ваков начин даваме добри примери за најмладите граѓани, изјави Владимир Талески, градоначалник на Битола

Садниците кои што денеска беа посадени се производство на ЈП Македонски шуми кои располагаат со 14 расадници на територијата на Македонија

mitko stojkovski

-Досега пошумивме 700 хектари со 2 милиони и 100 илјади садници. Пошумувањето го извршивме со даб, бука, јасен, црн и бел бор, изјави Митко Стојковски, Македонски шуми

Во земјава од 2008 година се спроведува акцијата „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“, овојпат под мотото „Засади успех“.

prendzov

-„Засади успех“ е мотото на овогодинешната 16-та по ред акција „Ден на дрвото“. Денеска на повеќе од 100 локации ќе се засадат три милиона дрвца на 930 хектари земјиште, изјави Љупчо Пренџов, заменик министер за локална самоуправа

Според надлежните, акцијата која што годинава се одржа по 16 ти пат е универзална и сенародна. И во неа треба да се вклучат сите граѓани без разлика на верска, полова, национална, политичка и социјална припадност.