Во Битола сите избирачки места навреме отворени

0
652

Утрово во 7 часот сите изборачки места биле отворени, велат од општинската изборна комисија. Електоратот во Битола е 83.616.

Претседателот на комисијата Зоран Насев за Тера рече дека нема никакви проблеми во текот на гласањето и дека сите места во 7 часот биле отворени.

Ден порано гласале 64 болни и немоќни лица. Во затворот во Битола вчера гласале 49 затвореници од кои 25 се жители на Битола.

Битолчани кои се наоѓаат на издржување на затворски казни низ затворите во Македонија се вкупно 76, вклучително и тие 25 во битолскиот затвор.